КЛ7 го шокираше Т. Пролет

ГОЛДЕН АРТ КЛ7 - Т. ПРОЛЕТ  32-30 (14-14)
Симоновски 9, Ѓоргиев 5, Ѓоргоски 4, Гајиќ 3, Цветановски 3, Буторац 3 - Андоновски 10, Џонов 8, Палевски 5, Аларов 5, Давитковски 2



Голден Арт КЛ7 е творец на големата сензација во продолжението на Супер лигата. Младиот тим на Андон Бошковски го изненади големиот фаворит Тинекс Пролет и му го нанесе првиот првенствен пораз на третиот настап во шампионатот. 

Израмнета и жестока битка се биеше од стартот на натпреварот. Поведе Голден Арт КЛ7, (3-1), потоа гостите со серија од 3-0 премина во водство (4-3), па одново КЛ7 водеше (5-4), но овој пат подолго ја имаше контролата. Имаа и 9-7 домашните, пред Т. Пролет одново со 3-0 серија да поведе со 10-9. 

И одново се од почетоток се до крајот на првиот дел што заврши 14-14. 



Истото сценарио беше и во второто полувреме, малку водеше КЛ7, малку Пролет се до резултат 22-22, а тогаш со серија од 3-0, но на домашниот состав, разликата се искачи на плус три (25-22). Тука веќе можеше да се намириса изненадување. 
Поведоа и 28-24, но благодарение на брзоплетост и неколку одбрани на Петар Ангелов, Т. Пролет се доближи на 24-26 и одново беше се во игра. 
Во финишот малку недостигаше домашните да изгорат во желбата да победат, затоа што не резлизираа при 29-30. Но, не внимаваа гостите доволно и им беше пресечена таа топката за реми, по што Голден Арт поведе и со 31-29. Намалија гостинските ракометари, а во последните 10 секунди топката беше за КЛ7 и со звукот на сирената со гол од 10-тина метри Стојков го постигна конечниот резултат. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk