Радуловиќ стана професор по спорт

Поранешната македонска репрезентативка Валентина Радуловиќ има убав повод за прославување. 



Поранешната македонска репрезентативка Валентина Радуловиќ има повод за славење. Чекор напред во животот и кариерата е звањето професор со кое може да се пофали и гордее во иднина. 

„Полагав приправнички испит за професор по спорт и спортски активности. Помина одлично, никогаш не сум имала пообемна тема. Комисијата ме потсети и врати во времето на најголемите спортски успеси. Не можам да го опишам чувството“, изјави Радуловиќ, која е активна во наставата „Работам во средното медицинско училиште. Одлични односи имам со директорката Маја Салиу, функционираме како што треба, без никаков проблем вреден да се спомене. “, вели Радуловиќ. 



Радуловиќ освен што активна во наставата, а сезонава е и тренер на женската суперлигашка екипа Шампион, притоа е пријавена и како играч и го чекаме моментот кога ќе ја видиме и на терен, макар за дел од натпревар. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk