Утре со два меча продолжува Супер лига

Завршува принудната пауза во македонското првенство. Утре се играат два одложени натпревари со што ќе биде рестартирана лигата.



Ракометната федерација на Македонија донесе одлука да продолжат натпреварите во Супер лигата и во двете конкуренции. 
Утре продолжува шампионатот, а први на терен ќе ги видиме екипите на Голден Арт КЛ7 и Т. Пролет. Оваа средба ќе биде директно пренесувана и на МРТВ со што продолжува и таа соработка, барем еден натпревар да биде пренесуван на малите екрани. 
Утре на терен ќе го видиме и Металург со старо-нов тренер, на дуел со екипата на Работнички. 




Во сабота ќе се играат исто така два натпревари. Е. Пелистер 2 и Прилеп на локално пелагонски дерби и Радовиш и Јуниор Кисела Вода ќе играат битен за двата тима меч. 

Во недела ќе се играат два меча од машкото првенство. Одново Металург, но сега на дуел со непоразениот Бутел Скопје ќе го заокружат во групата цисклусот, а во Охрид, домашниот тим ќе се сретне со Астраион. 

Во недела ќе се игра и комплетното коло во женската Супер лига, тоа е 11 првенствено коло. 

Ако условите дозволат, во план е откако ќе заврши есенскиот, веднаш да почне и пролетниот дел, но во моментов има многу х фактори што можат да влијаат на плановите, па затоа и не би оделе во тој правец додека не дојде времето за тоа. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk