Шансата што ја чекавме? Рикардо остана претседател на Бразил

Кризата во бразилскиот ракомет продолжува. Дали е ова шансата што ја чекаше Македонија?



Динамиката на судирот меѓу Бразилската ракометна конфедерација (ЦБХБ) и Бразилскиот Олимписки Комитет  (ЦОБ) замре минатиот период. Имаше и причина за тоа. 
Рикардо Соуса Рикардињо (фото) суспендираниот претседател на ЦБХБ свика вонредно собрание на кое се гласаше за неговата функција. 



Вонредното Изборно собрание на ЦБХБ се одржа, виртуелно, а за смена на Рикардо Соуса Рикардињо, беа потребни 3/4 од гласовите. Такво мнозинство немаше и тој останува претседател најмалку до 1 февруари 2021 кога одново ќе може да се организираат избори. 

Прашање е како на овој неуспешен обид да се смени Рикардињо сега ќе реагира ЦОБ. Етичката Комисија на Олимпискиот Комитет на Бразил ми изрече на Рикардињо двегодишна суспензија на почетокот на октомври поради сексуално вознемирување на вработена во Конфедерацијата. 



По ова беа организирани едни избори што завршија со фијаско по кое ЦОБ го прекина дијалогот и сите заеднички акции со ЦБХБ и ги откажа подготовките на машката сениорска репрезентација. 
Потоа имаше затишје, за да се одржи новото изборно собрание. Бидна и тоа, а иако мнозинството гласаше за смена на Рикардињо, не беше исполнет законскиот услов тоа да бидат 3/4 од бројот на делегатите. 

Ако Олимпискиот Комитет го пријави во ИХФ како нелегитимен овој состав на Бразилската Конфедерација и тоа би требало да го стори затоа што се коси со нивната одлука за негова суспензија, тогаш ИХФ би требало привремено да ја суспендира Бразилската Конфедерација. А со тоа и да ја исфрли нивната репрезентација од СП Египет. 
Тоа е местото што би можело да ја одведе Македонија на мундијал. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk