Чиле доби покана за СП Египет 2021

Репрезентацијата на Чиле доби покана од ИХФ за настап на Светското првенство во Египет 2021. 



Чиле е последниот патник за СП Египет 2021. Денеска ИХФ објави, дека Советот на ИХФ донел одлука да ја покани оваа јужно американска репрезентација, иако не се одржаа квалификации според пропозициите на ИХФ. 

Македонија се надеваше на поинаков расплет во оваа ситуација, но Ковид им даде оправдување на Чиле и на ИХФ да ја спроведат одлуката во дело. 




Чиле беше дел од Квалификациите за СП на кои регуларно пласман обезбедија Бразил, Аргентина и Уругвај. Четири репрезентации од тие квалификации требаше да одат на СП, но немаа доволен број учесници. Имаа шест, мораа да имаат најмалку осум. 

Во тој момент ИХФ требаше местото да го додели на Европа, затоа што така налагаат пропозициите. 

Но...

Коскабал (Јужна Америка и Средна Америка), објави, со поддршка на ИХФ, нов квалификациски турнир. Такво нешто немаат во пропозиции или статут, но издејствуваа да има и тоа да биде легитимен турнир. Условот за место на СП беше да има најмалку четири репрезентации од кои три не играле на претходниот турнир. 
И овде Чиле засука ракави, спремен да ги подмири трошоците, ги најде Колумбија, Ел Салвадор и Парагвај за ривали, дури и Уругвај за неутрален најбезбеден од Ковид терен... но, на десетина дена пред турнирот, очекувано сценарио. Колумбија пријави двајца позитивни и замина во карантин, а турнирот се откажа. 

И ИХФ го зема овој турнир како сосема легитимен. 



И ова е сосема очекуван епилот. Уште од моментот кога беше измислен турнирот „Последна надеж“. 

Но, веќе имаме пишувано, шансите на Македонија, воопшто и не ги баравме во овој турнир. Најреалната наша надеж е Бразил да биде суспендиран. И тука шансите се добри, со оглед на тоа дека претседателот Рикардињо, поради кој е суспендиран од Олимпискиот Комитите и не е признат од нив, нема намера да се повлече. Напротив, ги лажеле играчите дека подготовките им се откажани поради Ковид. А откажани им се затоа што Оимпискиот Комититет кој е единствениот финансиер на федерацијата ги откажа. И тоа сите репрезентативци на Бразил го имаа поставено за статус на ФБ, Инстаграм и други социјални мрежи. 

Па сепак, запре и таму некако динамиката на настаните. Олимпискиот Комитет се уште ја нема пријавено во ИХФ суспензијата и засега владее неприродно затишје. 

Друга, опција за Македонија да се појави на СП е евентуално откажување на некоја од селекциите поради Ковид ситуација. И тоа не е невозможно, веќе има најави, но засега не е момен да го објавиме тоа јавно како отворена опција. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk