Душебаев ќе игра против Вардар

Полскиот шампион Ломжа Келце, ќе може да смета на услугите на поранешниот вардаров ракометар. 



Алекс Душебаев, еден од најдобрите десни бекови во моментов, ќе биде дел од составот на Келце кој на 19 ноември, како што е планирано засега ќе гостува во Скопје. 
Неговиот последен тест е негативен и тој доби дозвола да се врати на тренинг на клубот. 

 

Душебаев кој како 19 годишник во 2013 дојде во Вардар и оттука ја лансираше својата кариера, веќе имаше едно Ковид искуство, на тестирањето минатата недела беше 50-50 и мораше одново да се тестира. Тоа го стори вчера и уште синоќа дел од полските медиуми објавија дека има негативен резултат на тестот. 

Владислав Кулеш и Анхел Фернанез, пак, остануваат во карантин, затоа што нивните тестови се позитивни. Во тимот на Келце се врати и Мачеј Гебала. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk