Шмит се плаши од македонските навивачи

Швајцарците беа убедени дека ќе победат на мечот со Македонија. Се уште мислат дека ќе победат, но сега во Скопје.



„Ова е моето најголемо разочарување во последните неколку години“; изјави најдобриот швајцарски ракометар, Енди Шмит за швајцарските медиуми. „Повеќе се плашевме дека ќе загубиме, отколку што посакувавме да победиме. И на крајот загубивме. Како игравме вечерва, не заслуживме да победиме“, вели асот на РНЛ. 



„Добрата вест е што уште мислам дека можеме да ги победиме. Лошата - притисокот ќе биде голем. Особено, ако им дозволат на тамошните навивачи повторно да влезат во сала“, вели Швајцарецот. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk