Познати составите: Македонија без нови измени

Верификувани се составите на Македонија и Финска за вечерашниот меч од Квалификациите за ЕП 2022



Без нови измени во составот е Македонија за вечерашниот меч со Финска (20:00). Велко Маркоски и Гоце Георгиевски се двајцата ракометари што од поширокиот список влегоа во тимот во последен момент со што репрезентацијата одново го доби својот препознатлив лик. 

Никола Костески, Мартин Серафимов и Бојан Маџовски се своевидни освежувања во тимот, Митревски и Томовски се на голот, другиот дел од тимот е добро познат, а ќе го предводи Кирил Лазаров, заедно со Манасков, Стоилов, Пешевски, Талески, Кузмановски... 








Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk