Пешевски: По победа што многу значи во овие времиња

Македонија вечерва игра Квалификации за ЕП 2022 против Финска во Скопје.



Првиот настап на македонската сениорска репрезентација по Европското првенство во Австрија е закажан за вечерва, со почеток од 20:00 часот во Скопје, во „Борис Трајковски“. 
По строги Ковид протоколи, Македонија ќе го одигра првиот кмеч од квалификациите за пласман на ЕП 2022 што ќе се одржи во Унгарија и Словачка. 
Македонските репрезентативци, уредно тестирани неколкупати откако се на собир, одработеа неколку тренинзи и спремно го чекаат дуелот со аутсајдерот во групата. 

„По многу долго време се враќаме во националниот дрес на Македонија. Играме во незгодна ситуација, во тешко време, во време на хаотична пандемија. Времето за подготовка како за нас така и за сите е кратко, но отвараме вечерва против репрезентацијата на Финска. Репрезентација за респект, која од натпревар во наптревар покажува дека се работи за протовник на кој мора да се внимава и да се влезе максимално скоцентрирано и професионално. Треба да одиграме организирано и борбено, и со победа да ги започнеме квалификацииве. Победа која многу ќе ни значи и нам и на сите во нашата земја во овие тешки времиња“, вели пикерот на Штутгарт, Жарко Пешевски.




Во групата со Македонија и Финска се уште и Швајцарија и Данска. И тие требаше вечерва да играат, но Швајцарците не отпатуваа вчера за Архус затоа што имале контакт со Ковид позитивен тренер. Утрово се чекаат нивните нови ПЦР резултати по што ќе се знае дали ќе патуваат за Данска или средбата ќе биде одложена. 

Прво и второпласираната екипа од групата одат на ЕП, а шанса за пласман ќе има и третопласираната доклку биде во рангирањето на сите осум третопласирани меѓу првите четири. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk