Ковид во Полска, бараат одлагање

Мечот на Полска со Холандија е одложен, а веројатно и средбата со Словенија ќе ја доживее истата судбина



Полска побара одлагање на средбата со Словенија. Тие досега тренираа со шест играчи, а откако почна комплетирањето и тестирањето, тројца меѓу кои и играч на Келце се позитивни. Вкупно шест играчи заминаа во изолација, а нема да можат да го добијат и Мачеј Гебала од Лајпциг (повреден) и Пјотр Вишомирски (карантин)... 



Полска требаше да игра на стартот на квалификациите со Холандија и Словенија, поради задолжителниот карантин во Холандија таа средба беше одложена. 
Сега е на ред ЕХФ да одлучи дали ќе се игра и средбата со Словенија. 
ЕХФ досега одложи 10 натпревари поради Ковид и протоколите во одредени држави на кои ракометните клубови не можат да влијаат. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk