Австрија без осум играчи по ЕП 2022

Австрискиот состав е еден од најпогодените во пресрет на квалификациите за ЕП 2022. Дури осум играчи што играа на ЕП во јануари не се во составот на Алеш Пајовиќ.



Одамна се знаеше дека селекторот на Австрија, Алеш Пајовиќ, нема да може да смета на повредениот Никола Билик, но сга стигнаа и другите лоши вести. 
Што поради повреда, што поради Ковид, што од семејни и други причини во составот на Австрија за првите две квалификациски кола нема да бидат и Јанко Божовиќ, Томас Бауер, Даниел Дикер, Александер Херман, Раул Сантос, Роберт Вебер и Борис Живковиќ. 



Од проблемите на Австрија, лесно би можеле да профитираат Естонија и БиХ кои играат со нив во првите две кола, иако и тие не се без проблеми, особено БиХ која нема да може да смета најмалку на четири играчи меѓу кои и плејмејкерот на Металург, Марко Тарабокија. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk