Ќе патува ли Швајцарија во Данска?

Швајцарија треба да патува во Данска во вторник, но може и да не замине доколку не најдат заеднички јазик со Данците.



Најголемиот ривал на Македонија во групата, за пласман на ЕП 2022, Швајцарија води интересен спор со Данска и можеби и да не патува на мечот што треба да се игра во Архус на 4 ноември. 
Проблемот е во тестирањето за влез во Данска. Имено, тие признаваат само ПЦР тестови, но Енди Шмит, Лукас Местер (Минден) и Лени Рубин (Вецлар) и утре имаат обврски со клубовите. Потоа треба да стигнат во Швајцарија, да се тестираат и да добијат резултати пред заминувањето во вторник, со чартер лет. 

Швајцарците сметаат дека тоа е неизводливо, дека нема време за ПЦР тестови и на ЕХФ и на Данска Федерација им испратија известување дека или ќе им бидат признаени брзите тестови (добиени од ЕХФ) и ќе патуваат сите интрнационалци или воопшто нема ни да патуваат за Данска. 



Проблемот сигурно е решлив, но читајќи ги швајцарските медиуми како постојано споменуваат и потенцираат дека влегуваат во минус затоа што не можат да продадат билети за мечот со Македонија и дека многу поскапо ги чини чартер до Данска итн. Добиваме впечаток дека Швајцарија сака да се одложат овие средби, првенствено за да не потроши повеќе пари отколку што треба. 
Оттука и можеби ќе останат на ставот доколку не се признаат брзите тестови на германските интернационалци, да не го играат мечот со Данска... 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk