Тренерот на голманите, Царчев е Ковид позитивен

Тренерот на голманите на машката репрезентација, Александар Царчев е Ковид позитивен и нема да може да помогне на репрезентацијата



Тренерот на голманите, Александар Царчев, ја пропушта претстојната репрезентативна акција. Тој денеска доби позитивен наод на Ковид тестот и нема да се приклучи на играчите во „балонот“. 

Царчев ја потврди информацијата со статус на социјална мрежа. Вели дека е асимптоматски и дека по 10 дена изолација ќе излезе од карантин, но нема да може да помогне на репрезентацијата за следниот собир.



Македонските репрезентативци денеска почнуваат да се собираат во хотел. Ќе бидат изолирани, а тимот ќе се склопува како-кој ќе доби негативен тест. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk