Брестовац со Корона-тим против Финска и Швјацарија

Селекторот Данило Брестовац го состави тимот за претстојните натпревари со Финска и Швајцарија од квалификациите за ЕП 2022



Данило Брестовац се најде во неблагодарна ситуација репрезентацијата да ја подмладува-составува во период во која цела година нема натпревари. И уште да ја составува во Ковид време во кое не се знае кога на кого може да смета. 
Вака на пример можеме да го објасниме изоставувањето на Костадин Петров од позицијата пивот. Тој игра во Романија, но пред него се Стоилов, Пешевски и Марковски. И ако итно треба да се бара нов пивот, тогаш нема да се бара во Романија, туку веднаш тука, па затоа Аларов и Лазаревски се пред него. Тоа се однесува на сите, но тие што следат ракомет ќе ја сфатат поентата. 




Никола Митревски, конечно. добива улога на прв голман, а ќе го следат Томовски и Кизиќ. На деснокрилна позиција го нема Гоце Георгиевски по долго време. Поповски и Костески сега треба на сите да ни докажат дека Џомба може од друг агол да ги коментира крилата и да фали и негодува. Ако затреба и истиот момент да се врати на терен во познатиот дрес. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk