ОБНОВЕНО: Одложуваат Белорусија, Франција...

Европските Купови одат на двонеделна пауза, на ред се Квалификациите за ЕП 2022. Почнаа одложувања и на овие натпревари



Германските клубови ќе ги ослободат интернационалците, па Квалификациите за ЕП 2022 ќе можат непречено да се одржат. Непречено, барем во тој поголед. Најголемиот проблем, Ковид 19 останува, а по терк на Европските Купови, почнаа одложувања и на квалификациските натпревари. 



Дуелот меѓу Белорусија и Италија е првиот одложен меч во овие квалификации. Требаше да се игра на 4 ноември во Белорусија, но Италијаните не можат да дојдат. 

Мошне веројатно ќе биде одложен и вториот меч на Белорусија, средба што треба да ја играат на гости кај Летонија. Многу позитивни играчи има во Белорусија и тоа несметајќи ги играчите од Брест. Нивниот собир закажан за денеска е откажан, веројатно ќе се бара одлагање и на таа средба. 

Белгија не може да тренира поради затворени сали и Ковид мерките и побара од ЕХФ одложување на натпреварот со Франција. Веројатно истото ќе се случи и на натпреварот со Србија што треба да се игра во Белгија. 



ОБНОВЕНО:
Официјално потврдено, одложени се следниве натпревари од Квалификации за ЕП 2022:

Франција - Белгија
Белгија - Србија
Чешка - Ф. Острови
Ф. Острови - Чешка
Исланд - Израел
Белорусија - Италија
Норвешка - Летонија



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk