Сегед ги обвини Мешков и ЕХФ за негрижа

ПИК Сегед вчера информираше дека има тројца нови заразени со Ковид, а денеска објави и соопштение со обвиненија кон ЕХФ и Мешков Брест



ПИК Сегед има тројца нови позитивни играчи, а за тоа ги обвинува Мешков Брест и ЕХФ. Во соопштението објавено денеска велат дека Мешков Брест знаел дека има позитивен играч на три дена пред мечот, но Сегед за тоа бил информиран вечерта пред натпреварот, на меил, додека им траел тренингот. 
Тие веднаш го известиле ЕХФ, но немало реакција од Виена. 

Следниот ден, Сегед одново го алармирал ЕХФ со напомена дека еден од голманите на Мешков е во самоизолација со покачена температура и треска. И дека играњето на овој меч е ризично, затоа што сигурно не се работи само за еден играч и дека ризик е голем и за двата тима и за нивните следни натпревари. 
Но, одново немало реакција и дури на два часа пред мечот стигнало известување дека сите се негативни дека може да се игра. 



Откако се вратиле во Унгарија, играчите на ПИК Сегед се тестирале и имаат три нови позитивни случаи. Истиот ден и Мешков Брест ибјави дека има неколку играчи позитивини на Ковид. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk