Серафимов излезе од изолација

Бекот на Металург ја одигра својата епизода во личната битка со Ковид 19 и од вчера веќе не е во изолација



Конечно, една добра вест и за селекторот на машката ракометна репрезентација. Десниот бек Мартин Серафимов, првиот позитивен ракометар на Металург, од вчера веќе не е во изолација.
Серафимов поради позитивен наод беше во карантин и го пропушти досега единствениот натпревар на Металург во групната фаза на Европската Лига. 
Тој ќе може да игра на претстојните квалификации, што се доведени во опасност поради силниот Ковид бран секаде во Европа.



Металург, пак, комплетниот тим, одработува и одбројува денови во карантин. По враќањето од Тулуз, додека екипата беше на пат за Богданци, добија позитивен резултат за уште еден ракометар, по што го вратија автобусот назад во Скопје и се самоизолираа. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk