Македонија би можела на СП Египет!

Репрезентацијата на Македонија би можела да стане учесник на Светското првенство во Египет!



Македонија би можела да дојде до место на СП Египет, но за тоа да се случи, потребно е некоја репрезентација од веќе пласираните да отпадне од списокот на учесници. Таа репрезентација би требало да биде Бразил. 

Синоќа, Олимпискиот Комитет на Бразил (ОКБ) ја „избриша“ нивната ракометна федерација и ги откажа подготовките за Светското првенство што требаше да почнат на 30 октомври, а репрезентацијата да патува во Европа, поточно во Португалија. 
Денеска или деновиве, ОКБ треба да го информира и ИХФ за одлуката, а откако тоа ќе се случи Бразил , логично ќе биде исклучен и од СП. 
Неговото место најверојатно ќе го заземе Чиле, а испразнетото место од турнирот „Последна Надеж“ кој извесно нема да се одржи ќе оди според пропозициите на ИХФ кај најдобриот континент - Европа, односно кај првата европска резерва - Македонија. 
Тоа е сценариото што ја води Македонија на мундијалот и би рекле дека е пореално од досегашните надежи вложени во валјд карти или турнирите на Јужна односно Северна Америка и Кариби. 

Не е готово, далеку од тоа. Бразилскиот ракомет сигурно ќе се обиде да остане на нозе, но генезата на проблемите е пообемна и прашање е дали нешто што не се решило со години, ќе се реши за недела-две. 



Што се случи за ОКБ да го направи овој потег?
Постар е датумот на несогласувања меѓу Ракометната Федерација на Бразил и ОКБ. Аферата изби на површина по завршувањето на ОИ Рио, кога беше откриено дека тогашниот претседател Мануел Луиз Оливеира, со местење тендери направил профит од неколку милииони долари, а тоа му била пракса уште од 2011 година. Оливеира беше претседател 31 година!
Пред да биде суспендиран, Оливеира се повлече поради здравствени причини и беше наследен од Рикардо Соуса - Рикардињо. Потпретседател што ОК на Бразил не го признава. 
Рикардињо во август беше суспендиран од Етичката Комисија на Олимпискиот Комитите на две години поради сексуално злоставување на вработена во федерацијата за време на Пан Американските Игри. Вработената доставила аудио докази поради кои Рикардињо е суспендиран.
Но, тој останал на функцијата, иако со тоа практично се поништува суспензијата, а тоа на ОКБ му  недозоволиво.
Во месеците што следеа тоа довело до „клинч“ по што Олимпискиот Комитет на Бразил веќе  и официјално не ја признава Ракометната Федерација на Бразил и ги прекина сите врски со нив, сите финансирања, сите проекти и подготовките на репрезентацијата. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk