Болен пораз на Е. Пелистер

ГОГ - Е. ПЕЛИСТЕР  30-29 (14-14)
Јакобсен 9, Питлик 7 - Мандалиниќ 11, Кушан 8



Еурофарм Пелистер имаше убава можност да ја разубави во Македонија ракометната недела во која главните наслови се за откажани натпревари.
По долго време битолчнани излегоа на сццената, на гости кај ГОГ во Данска и имаа шанса дома да се вратат бод, можеби и со два... на крајот се враќаат со празни раце. Штета, беа многу блиску. 

Е. Пелистер пред себе за противник имаше екипа што е во сериозна конкуренција да биде најбрза во Европа, во поглед на транзиција. 
Умешно се бореше со притисокот, не им дозволи да наметнат свој ритам на игра. Данците успеваа да направат вишок, многу често, но Благоче Трајковски имаше една од своите животни партии и ги неутрализираше во голема мерка шутевите од крила, додека одбраната вршеше добра работа кај бековите и пикерот. 



Во нападот, реализацијата главно се сведуваше на Мандалиниќ и Кушан, а тие заедно постигнаа 19 од вкупно 29 гола за Е. Пелистер. 

Резултатски екипите главно беа во егал. Во првото полувреме, малку водеа битолчаните, (4-2, 11-10), во поглемиот дел водството беше за Данците. 
Но, во второто полувреме, откако се смири резултатската ниалка, во 56 минута, Е. Пелистер водеше 29-27. Но, за жал, македонскиот состав веќе не постигна гол. Со два гола на Питлик и еден на Јакобсен, ГОГ успеа да поведе со 30-29, а овде освен стрелците многа важна улога одигра голманот ветеран Сорен Хаген кој одбрани два шута во клучни моменти. 

На крајот, ГОГ уште и имаше посед на топка и мирно го заврши натпреварот. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk