Виена го одложи Кадетскиот ЕХФ Шампионат во Македонија

Младинските ЕХФ Шампионати што требаше да се одржат летово, а се презакажаа за јануари, одново се одложени



РФМ летово требаше да биде домаќин на ЕХФ Шампионат во кадетска конкуренција, турнир од кој се обезбедува пласман на ЕХФ Еуро. Но, поради Ковид, тој шампионат беше одложен и презакажан за во јануари 2021. Денеска ЕХФ одново ги одложи Шампионатите. 
Македонија останува домаќин, но новиот термин за турнирот е 15-22.08.2021. Ова е прво одлагање на настан закажан за 2021 година. 
Црна Гора која исто така беше планиран организатор на ваков турнир, во овој процес го загуби домаќинството и новиот домаќин ќе биде Летонија. 



Македонија ќе биде домаќин и на уште еден ваков настан следното лето, женскиот ЕХФ Шампионат (У19). Но, тој турнир и оригинално беше закажан за јули 2021. 


Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk