Вардар во изолација, одложен мечот со ПСЖ

Екипата на Вардар ќе мора да мине 10 дена во изолација.



Натпреварот меѓу ПСЖ и Вардар е официјално откажан, а ракометарите на Вардар ќе мораат следните 10 дена да ги минат во изолација. 
Бидејќи временскиот рок од последното тестирање на кое играчите беа негативни е краток, индициите се дека вирусот не е пренесен. Но, според важечиот протокол, ракометарите се обврзани следните десет дена да ги минат во изолација. По седум дена ќе бидат повторно тестирани, а три дена потоа уште еднаш контролно тестирани. 



Ова е веќе проблем и за селекторот на машката сениорска репрезентација Данило Брестовац. Да споменеме дека и Металург е во изолација, па бројката на репрезентативци што се повикани од овие два клуба е доволно висока за да може да се бара одлагање и на натпреварите со Финска и Швајцарија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk