РНЛ остана и без вториот голман!

Бундеслигашот Рајн Некар и репрезентацијата на Шведска останаа без првите голмани



Германскиот Рајн Некар Ловен неодамна остана без првиот голман, Михаел Апелгрин кој подолго врме ќе отсуствува од теренот. 
Затоа, како привремено решение го донесоа ветеранот со грчко потекло, Николас Кациганис, како поддршка за Андреас Палицка. 
Но, денеска уште лоши вести стигнаа за РНЛ. Повреда на лигамент на коленото има и Палицка и нема да биде на терен до крајот на годината. 



Сега, Кациганис стана прв голман, но РНЛ ќе мора да најде и подобро решение, затоа што нивните планови во Бундес лигата се големи, а и во Европската Лига, каде што се во група со Е. Пелистер „нишанат“ најмалку кон Фајнал Фор.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk