Во опасност ли се квалификациите за ЕП 2022?

Германските клубови ќе гласаат дали да ги ослободат интернационалците или не



Денешниот ден е резервиран за сениорските Квалификации за ЕП 2022. На пладне истече рокот во кои Националните федерации ги пријавуваа пошироките списоци за првите две квалификациски кола за ЕП Унгарија и Словачка. 
РФМ пријави 35 ракометари што Данило Брестовац ги селектираше за оваа акција. Другите федерации, која порано која денеска го сторија денеска, па селекторите имаат работа плус за анализа на претстојниот циклус. 

Но... 

Веќе пишувавме дека Квалификациите за ЕП 2022 нема да биде лесно да се организираат. Сега добиваме и неофицијална потврда дека можеби и воопшто нема да биде изводливо да се одржат. 




Германските клубови на 28 октомври ќе гласаат дали ќе ги ослободат интернационалците. Тие, како најкомерцијални трпат најголеми загуби во Ковид сезоната. Некако успеаја да ја стартуваат гломазната машинерија наречена Бундес лига, а сега по пет-шест одиграни кола треба да ги ослободат играчите, тие да отпатуваат во своите земји, да играат дома една средба, но и да патуваат на еден гостински меч и одново да се вратат во Германија во рок од една недела, а Ковид 19 тоа да не го примети. Настрана Ковид, туку и протоколите за карантин и патување во земји со зголемен ризик треба да бидат заобиколени. 

Гласањето за кое немаме официјална потврда, би требало да биде или сите клубови ќе ги ослободат интернационалците или ниту еден интернационалец нема да смее да го напушти клубот. 




Македонија во Германија има четири интернационалци од кои тројца се репрезентативци. Филип Кузмановски, Мартин Томовски и Жарко Пешевски играат во најсилната светска лига. Нашиот најлут противник во оваа фаза, Швајцарија, има пет играчи што играат во Германија, меѓу кои и Анди Шмит, ракометарот што им е пола тим. 
Но, ако Германија реши да не ги ослободи интернационалците, тогаш квалификациите и не би имале многу смисол затоа што ќе се наруши фер-плејот и вештачки ќе се промени односот на силите. 

Германија, пак, денеска го соопшти списокот и воопшто не најавува вакво сценарио. Нивните играчи секако се на располагање. Единствениte интернационалци им се Кристијан Дизингер од Вардар и Андреас Волф од Келце. 
Нема да им биде лесно ниту нив да донесат одлука и потоа да се справат со последиците. Притисок да се ослободат играчите секако ќе има, неослободување на играчи е казниво и според ЕХФ. Но, да сочекаме овие најави, вклучително и гласањето што го најавивме прво да бидат потврдени, а потоа и реализирани. 

Не само Германија, Ковид-математики се прават насекаде низ Европа. Белорусија на пример која има лесна група и натпревари со Италија и Летонија, во составот нема ниту еден играч од Мешков Брест. А во нивниот шампион играат ѕвезди како Микита Вајлупов, Андреј Јуринок  потоа Баранов, Шумак, Селвасјук, Мацкевич...

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk