Селекторот на машката репрезентација, Данило Брестовац денеска го официјализираше списокот на играчи за настап во Квалификациите за ЕП 2022
Познати се имињата на 35-те ракометари што ќе конкурираат за место во Квалификациите за ЕП 2022. Европскиот шампионат се игра во Словачка и Унгарија, а 24 репрезентации ќе играат на првенството.
Со оглед на ширината на списокот има многу (нови) имиња. Вистинскиот список, сепак, треба да го видме наскоро, скратен со околу дваесетина ракометари.
Но, тоа и не е толку едноствано во Ковид време кога дел од повиканите играчи се во изолација. Меѓу нив се Дејан Манасков, Велко Маркоски, Мартин Серафимов... Со оглед на чувствителност на ситуацијата, ќе бидеме трпеливи и ќе чекаме селекторот да се изјасни и по тоа прашање.
Квалификантите се поделени во осум групи од по четири тима. Првите две репрезентации обезбедуваат место на ЕП. Четири од осум третопласирани во групата ќе обезбедат пласман исто така. Нив ќе им се бројат само резултатите со репрезентациите што завршиле на прво и второ место во групата.
Македонија е во група со Данска, Швајцарија и Финска. Првиот меч го играме со Финска на 4 ноември во Скопје, а три дена подоцна во Цуг, ќе играме со Швајцарија.

Прозивката е закажана за 30 октомври во Скопје. Дотогаш ќе ја имаме и скратената верзија на списокот, а во моментов, селекторот Данило Брестовац се реши за следниве ракометари: