Единствениот Германец што игра во Македонија, Кристијан Дизингер, доби повик од селекторот на Германија
Германија го објави составот за квалификациските натпревари со БиХ и Австрија во рамки на квалификациите за ЕП 2022.
Кристијан Дизингер, бекот на Вардар кој го имаше загубено репрезентативниот стауст по 2016 поради честите повреди, сега е одново во тимот, а меѓу резервите се пресели Пол Друкс. Алфред Гисласон не ги игнорираше партиите на Дизингер за Вардар и особено фактот што здравствениот билтен му беше добар. Малерозно, токму сега е е повреден, но би требало да биде фит за настап во репрезентацијата.
Има неколку нови имиња кај Алфред Гисласон. Повик и место во првиот тим добија Марсел Шилер и Себастијан Хејман од Гепинген, Маријан Михалчик од Берлин, Јури Кнор некогашниот супер талент од Минден итн.