Десетка за Лазаров, бодовите за Лимож

Новиот клуб во францускиот шампионат во моментов е втор, веднаш зад ПСЖ



Со звуци на сензација одекна првиот пораз на Нант во француското првенство, откако Лимож (32-31) славеше победа на меѓусебната пресметка.
Изненадување, сепак, не би требало да биде ако се земе предвид бројот и имињата на играчите на Нант што се повредени или Ковид позитивни. 

Кирил Лазаров водеше млад и немногу познат тим во битката со Лимож и како што доликува ја изрешета мрежата на противникот. Постигна 10 гола, но неговиот тим загуби и тоа со гол примен во последните 30 секунди од натпреварот. 



Нант сега е на местото број три на табелата со седум бода, односно два помалку, но и натпревар помалку од Лимож. ПСЖ е на првото место со пет победи од исто толку натпревари. За Нант се Данкерк и Монпеље.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk