Еден позитивен и крај на ЕП 2020!


ЕХФ некако се нагоди со Данска и Норвешка да го одржат ЕП 2020. Но, можеби требаше да бара друго решение



Европското првенство во женска конкуренција ќе почне за нешто повеќе од еден месец во Данска и Норвешка. Ќе почне. Дали ќе заврши и како ќе заврши е друга приказна.
Данска и Норвешка ќе беа најсреќните збратимени ракометни федерации доколку успееја да го дадат домаќинството на некоја друга држава каде мерките за Ковид се послаби, а трошоците помали. 
Ништо од тоа.
ЕХФ преговараше со нив, се нагодуваше, на крајот се договори режим, протокол и се што треба за првенството да почне. 



Денеска Норвежаните објаснија детално што значи протокол кај нив. Ако една ракометарка на која било репрезентација во текот на првенството е позитивна, нејзината репрезентација ќе оди во карантин. И не само нејзината туку и репрезентацијата против која играла. 
Само еден позитивен случај, можеби ќе значи и крај на ЕП во Норвешка. 

Норвежаните се среќни што имаат најстроги мерки во Европа. Тоа за нив значи дека нивната држава се грижи за нив. И ќе ги почитуваат протоколите, во тоа сме сигурни. Играчите ќе бидат во карантин, сакале или не. Нема да смеат да го напуштат хотелот, а во хотел ќе се движат по коридори, со посебни услови за сите, на секои 72 часа ќе бидат тестирани за Ковид, постојано на дневна база ќе им биде мерена температура, ќе се води електронски здравствен билтен за сите поединечно.

Веројатно не се случило досега на некое СП или ЕП, особено затоа што се играат во зимски услови, во која било репрезентација некоја ракометарка во текот на турнирот да не крене температура за време на турнирот. Во Норвешка тоа ќе биде знак за тревога.  

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk