Жаре го преслуша и Магдебург

Штутгарт доминираше на гости кај Магдебург цели 56 минути и потоа малку недостасуваше да упропасти се.
Жарко Пешевски имаше 2/2 во победата на Штутгарт 30-29 на меч на кој се прославија Кристијансон и Лон. 



Неочекувано добро оди сезоната за Жарко Пешевски и Штутгарт. Вечерва славеа на гости кај Магдебург и во моментов со седум бода се на делба на 2-8 место со само бод помалку од лидерот Кил и евентуално РНЛ и Флензубрг кои имаат шанса да стигнат до осум бода, ако победат. 

Адам Лонг и Виго Кристијансон посигнаа по девет гола, но во финишот ѕвезда беше голманот на Магдебург, Јаник Грин кој бранеше се, а Магдебург од 26-30 стигна до 20-30 и напад за реми. 

Но, Примож Прост одбрани и резултатот остана 30-29 за екипата на Жарко Пешевски. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk