Татко и син, на голот на ГОГ

Веројатно за прв пат во ракометната историја, на еден натпревар двајцата голмани од еден тим беа татко и син



Можеби е, но веруваме дека не е забелжано досега во ракометната историја на голот на една екипа да стојат татко и син. 
Не е прв пат татко и син да играат во исти тим, го имаме за пример и познатиот Никола Билик на пример, но не сме сретнале или виделе случај на еден меч двајцата голмани од истиот тим да бидат татко и син. 

Таква сцена имаше на голот на ГОГ, следниот противник на Е. Пелистер во Европската лига. Откако нивниот прв голман, Гисли Кристијансон поради повреда (болест) не можеше да настапи на натпреварот со Морс, во тимот беше повикан 19 годишниот Андреас Хаген, син на 46 годишната данска легенда Сорен Хаген.
Сорен Хаген, пак, беше првиот голман. Бранеше 44 минути и имаше 40% одбранети удари.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk