ПРВА ЛИГА: Аеродром рутински со Ринија

АЕРОДРОМ - РИНИЈА   45-23 (24-14)
Петрески 10, Михајлов 9, Наумовски 6 - Исмаили 7, Весов 5



Аердром веќе имаше обезбедено пласман во Плеј оф, но на денешниот турнир, на кој е и организатор, не дозволи гостинската Ринија да се понадева на поволен резултат. 
Фуриозно од старт, со водство од 6-2, 10-5 до 24-14 на полувреме ги расчисти сите дилеми. 

Во второто полувреме главно се повторуваа сцените од првиот дел и финално мечот заврши со триумф од 22 гола разлика. 
Аеродром има скор од пет победи и еден нерешен резултат во шесте одиграни натпревари и уште од минатото коло имаше и математички пласман во Плеј оф. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk