Нишки „Чаир“ повторно Ковид болница

Мартовското Ковид сценарио станува се поизвесно. Силни сигнали дека ќе биде така доаѓаат од северниот сосед



Ситуацијата со Ковид низ цела Европа се повеќе наликува на мартовскиот амбиент. Секаде низ Европа се бележат рекордни бројки на заразени, а имаме можност секојдневно да слушнеме за откажувања, одложување на натпревари и цели тимови како одат во карантин. 

Спортот, конкретно, ракометот, засега успева да држи ритам, со многу проблеми и одложени натпревари, но до кога ќе може така  е прашање...

Силни сигнали дека работите не одат на добро стигнаа од југот на Србија. Нишката сала „Чаир“ местото каде што можеме да кажеме дека најѕвездените моменти ги имаше македонската сениорска репрезентација, во наредните десет дена ќе биде претворена во Ковид болница. 

Така најавија градските власти, доколку ситуацијата не се промени на подобро. „Чаир“ веќе беше Ковид центар за околу 1.000 луѓе во март, април и мај, но потоа попуштија мерките. 
Сега одново му се подготвува слично сценарио на најпознатиот нишки спортски центар од затворен тип. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk