Турскиот тим нема да игра натпревар со Нексе во второто коло од Европската лига
Сезоната во Европа, се одвива така како што можеше да се претпостави. Со многу одложени натпревари и без јасна цел на хоризонтот.
Турскиот шампион Бешикташ ја продолжи низата во која се Барса, Веспрем, Татабања, Ѓер, Металург... сите се во карантин. Неколку играчи на Бешикташ се позитивни и клубот мора да се изолира.
Турците го известиле ЕХФ дека нема да патуваат во Нашице на меч со Нексе, а ЕХФ веќе отрпна и постојано ја повторува истата фраза, дека тоа е лошо за спортот, но дека здравјето е побитно и дека нема друг избор освен да го одложи натпреварот.