Карачиќ го среди големиот ПСЖ!

Поранешниот играч на Вардар, Игор Карачиќ имаше свое шоу на натпреварот со ПСЖ. Хрватот постигна 13 гола од 15 удари, а Келце му го нанесе третиот пораз на ПСЖ. 
Алекс Душебаев со седум гола само побуди сеќавања како изгледаше Вардар кога овие двајца носеа црвено-црн дрес. 
Звучи неверојатно, но ПСЖ од четири одиграни натпревари има три порази. Единствениот тим против кого славеле победа е Елверум!



Пик Сегед иако полека почна да ги пополнува празнините со Ковид рековалесценти, сепак, нема доволно сила и воиграност да на пример да запише победа над Мешков Брес како гостин. 
Јака Малус и Сташ Скубе го одведоа Мешков до значајна победа. 

РЕЗУЛТАТИ: 
КЕЛЦЕ - ПСЖ    35-33 (18-18)
Карачиќ 13, А. Душебаев 7 - Хансен 10, Шипжак 6
МЕШКОВ - ПИК СЕГЕД  26-24 (11-12)
Малус 7, Скубе 6 - Шоштариќ 7, Кањељас 6
ВАРДАР - ПОРТО   25-25 (13-12)
Чупиќ 7, Вујин 5 - Итуриза 7, Магалаеш 5
ФЛЕНЗБУРГ - ЕЛВЕРУМ  37-35 (18-14)
Јоханесен 8, Род 7 - Солстад 7, Грондал 5
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk