Вардар со кам бек, но место цел плен, само бод

ВАРДАР - ПОРТО 25-25 (13-12)
Чупиќ 7, Вујин 5 - Итуриза 7, Магалаеш 5



Вардар беше на чекор од пораз и на секунди до победа, за на крајот малерозно да мора да дели бод со незгодните Португалци кои беа готови да го положат оружјето. 

Вардар поведе 4-2, но следеше лоша серија во нападот по што Порто влезе во серија и поведе со 7-4. За среќа на Вардар, шведскиот тренер на Португалците не ја научи ланската лекција, дека во Скопје„ 7 на 6“ не поминува. Си ја форсираше својата игра, па Вардар тоа што тешко го правеше од позиција, лесно го правеше од пред својот гол. Постигнуваше лесни голови. 
Дури пет од 13 гола постигна Вардар на празна мрежа во првиот дел, но дури во самиот финиш, во последните секунди Дибиров успеа да го врати црвено-црниот тим во водство. 

Во вториот дел Вардар диктираше резултат и водеше петнесетина минути, но потоа Португалците ја преземаа контролата и на пет минути до крајот имаа водство од 24-22 и напад. Повторно покажа карактер Вардар кога е најжешко и почна нова авантура за враќање во игра.
За среќа Португалците не успеаја да погодат во тој напад, па потоа Чупиќ му даде шанса на Вардар со гол за 23-24. Потоа својот дел го даде и Дибиров и тоа ризично од позиција на бек и постигна многу важен гол за 24-24.
Порто не успеваше да погоди, па одново Иван Чупиќ имаше свое шоу. Од позиција на десен бек, ги измеша Португалците и Вардар во последната минута постигна гол за 25-24.

Нападот на Порто беше јалов, веќе ги видовме бодовите на салдото на Вардар, но еден шут од неизградена позиција, на три секунди до крајот си го најде патот до мрежата и бодовите се поделени. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk