БУТЕЛ СКОПЈЕ - ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 30-25 (13-11)
Печенковски 6, Мајиќ 6 - Кузманоски 7, Арсеновски 4
Бутел Скопје не дозволи изненадување, односно не му даде шанса на борбениот Е: Пелистер 2 да се избори за поволен резултат на гостувањето во Скопје.
Постојано беше скопскиот тим во водство во првиот дел. Максималното беше 7-3, но главно разликата беше два или три гола.
На полувреме бепе 13-11, а потоа засилија домашните и во второто полувреме имаа 20-15 во еден момент од натпреварот. Тоа беше првото најголемо водство, битолчани не успеаја да анулираат разлика, па како одминуваше времето така и Бутел беше посигурен и имаше комотно водство (27-20) што му овозможи мирен финиш на натпреварот.