Кам бек на Прилеп за бод од Кавадарци

ТИКВЕШ - ПРИЛЕП   25-25 (12-10)
Јанчев 6, Медиќ 5 - Чантурија 5, Шокоски 5



Серијата од 5-0 со која на почетокот на вториот дел Тиквеш поведе со 19-14 на мечот со Прилеп се чинеше како сосема доволна залиха за три бода за кавадарчани. 

Но, жилавите прилепчани не се предадоа по тој минус и долго до крајот на натпреварот се обидуваа да ги стигнат домашните. 
Напорите им беа наградени, кога прв пат успеаја да израмнат 25-25, сирената означи крај на натпреварот, а бодовите беа поделени. 

Тоа не беше првото враќање на Прилеп на мечот, домашните имаа плус четири гола во првиот дел (7-3, 10-6), по што следеше враќање за 11-10. Потоа се играше израмнето до 14-14, по што Тиквеш се одвои, не не успеа да го задржи водството. Грузиецот Мариани беше стрелец на решевачкиот гол. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk