Натпреварот Младост - Металург е одложен во последен час
Металург вечерва замина со автобус во Богданци, но не се ни симна од автобусот кога дозна дека има и втор позитивен случај во тимот. Со оглед на тоа дека сите играчи имале контакт со позитивниот ракометар и на тренинзи и за време на патување, протоколот е јасен.
Натпреварот е одложен, а Металург оди во 14 дневен карантин и логично ќе бара одлагање на натпреварите од Лига Европа.
Идентитетот на позитивниот играч ќе биде откриен откако тој самот прво ќе ги информира блиските околу себе, како што беше случај и со Серафимов.