Србите се собраа, се скараа и се растурија

Долгонајавуваното Собрание на РС на Србија на кое требаше да се обединат, заврши со фијаско



Четирите сојузи што го формираат РС на Србија (Војводина, Белград, КиМ и Централна Србија), денеска требаше да одржат Собрание, да изгласаат статут, да се обединат и да свртат нова страница. 

Мандатите им се истечени од пред месец и пол, а обединувачкото собрание заврши со фијаско. На ова собрание претходеа месеци преговарања за кога ќе дојде моментот да не се случи ова што се случи. 

Со оглед на тоа дека делгатите од Војводина не беа верификувани, а белграѓани се налутија и го напуштија собранието, веќе немаше кворум и целиот труд отиде по водата. 

Тешко и дека повторно ќе се соберат откако нивниот прв оперативец (претседател на УО) Божидар Ѓурковиќ си заминал како вели Балкан Хенддбал со зборовите „Не рачунајте више на мене“, а оставка најавил и претседателот на Собранието на РСС, Владислав Крсмановиќ. 

Ако некогаш сте се запрашале како тоа Србија има толку познати играчи низ цела Европа, а дома нема ни еден клуб што ќе мине коло-две од европските купови, следствено и дека репрезентацијата со сите тие ѕвезди од 2012 наваму нема резултат вреден да се спомене... Собранието на Србија ви одговори на се. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk