ЛШ: Вардар без Дизингер, се вратија Бомбач и Бодо, Шкуринскиј во аут

Денеска се играат преостанатите натпревари од Лигата на шампионите, а неколку екипи имаат проблеми со составот



На денешната средба со Порто, Вардар 1961 нема да може да смета на услугите на Германецот Кристијан Дизингер. Тоа е голем проблем со оглед на тоа дека Талески и Јотиќ кој ротира и на центар ќе треба да го изнесат целиот товар. 

Според нас, најдобриот руски лев бек во моментов, Александар Шкуринскиј не е во составот на Мешков Брест за дуелот со Пик Сегед. Во тимот го нема ниту вториот голман, Мацкевич. 

Дејан Бомбач, Борут Мачковшек и Рихард Бодо се тројцата нови играчи во тимот на Пик Сегед. Оваа екипа беше тешко погодена од повреди и Ковид и остана без девет играчи. Но, минатото коло се вратија Житњиков и Шоштариќ, а сега во тимот се и Мачковшек, Бомбач и Бодо. Во терен остануваат Габер, Хенигман, Радивојевиќ, Бенце итн.

Никола и Лука Карабатиќ не се во составот на ПСЖ на денешниот меч со Келце. Никола Карабатиќ ќе биде вон терен најмалку шест месеци. Колку ќе го нема Лука Карабатиќ е непознато.

Владислав Кулеш не е во тимот на Келце за мечот со ПСЖ. Тој е повреден и прашање е кога ќе се врати на терен. Паузата нема да биде долга, но ќе пропушти повеќе од еден дуел. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk