Под истрага меч од ЕХФ Европска лига

Се појави сомнеж дека вчерашната победа на Кадетен над ГОГ не е регуларна и дека во позадина стои можност крајниот исход да бил наместен



Кадетен Шафхаузен, вчера го совлада ГОГ, со гол од пенал по истекот на времето, но овој натпревар, се чини дека уште не е завршен. 
Данска лотарија, пријавила во Глобалниот мониторинг систем сомнеж дека натпреварот можеби не е регуларен. 
Тие се потпираат на тоа што коефициентот за победа на Кадетен почнал нагло да паѓа на еден час пред средбата, а неколку обложувалници во Данска едноставно ја блокирале средбата. 

Ваквото „однесување“ на коефициентот се пријавува и по службена должност, а премногу заобиколуваат данските авторитети при давање на одговор на горливото прашање, па засега е потврден само фактот дека за овој меч се води истрага. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk