Тулуз без диригентот против Металург!

Олеснителна околност за Металург е што вечерва нема да мора да се справува со брзиот Холанѓанин



Олеснителна вест од Тулуз стигна по техничкиот состанок. Супербриоз Холанѓанин Лук Стајнс нема да биде во составот за денешната средба со Металург. 

Играчот од кого очекувавме многу проблеми, особено што на одбраната на Металург не и одговараат ниски и многу брзи играчи, особено ако се од светски калибар, не стигна да се рехабилитира. 

Тој има повреда на зглобот на ногата и неговиот настап беше под прашалник, нема долго да биде вон терен, но сега е одговорено и горливото прашање и несомнено денеска Металург ќе има многу помалку проблеми со нападот на Тулуз. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk