ВЕСТИ: ЕХФ ждрепка, суспензии, откази...

Македонската екипа Куманово,  за противник во третото коло од ЕХФ Куп елиминациите ја доби украинската екипа Галичанка Лвов. Екипите беа поделени во Ковид-Зони, исто како и во машка конкуренција.
Првиот натпревар ќе се игра во Украина, реваншот е во Македонија. Победникот се пласира меѓу 16-те најдобри екипи.



Унгарскиот тим Шиофок, имаше лош старт на сезоната што придонесе да се раздели со тренерот Бент Дал. Некогашниот аналитирач на руската федерација, на местото прв тренер дојде откако Шиофок се раздели со Тор Одвар Моен, норвешкиот тренер. Дал, кој исто така е од Норвешка, тогаш беше асистент, па стана прв тренер. 

Проболемот во Шиофок е посложен од смена на тренерот, за што зборува и суспензијата на шпанската ракометарка Нереа Пена. 

Сергеј Шишкарев едногласно беше избран на нов претседател на Руската ракометна федерација. Во првите интервјуа по добивање на новиот мандат, призна дека Русија има проблем со обложување и дека се слеи ситуацијата и ќе се реагира во прв момент кога ќе се забележи сомнително однесување. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk