Металург се запозна со салата во Тулуз

Скопскиот тим вечерва го игра првиот меч во групната фаза од Лига Европа. Утрово тренираше во спортската сала во Тулуз



Металург утрово се запозна со спортската сала „ Андре Бруа“ во Тулуз, арената во која вечерва ќе го одигра својот прв натпревар од групната фаза на ЛЕ. 

Средбата почнува во 18.45, два часа порано од предвиденото, затоа што Тулуз е еден од осумте градови во Франција во кои се воведен полициски час од саботата (21:00 - 06.00) и ќе трае најмалку четири недели. На оваа одлука претходеше и одлуката да се игра без присуство на гледачи, иако доското во Франција беше дозволено на трибините на има и лиминитран број на посетители.

Металург без Мартин Серафимов, што значи со многу повеќе одговорност за Никола Потиќ, или евентуално со Хорват на десен бек вечерва ќе се им спротивстави на незгодните Французи. 

Македонската јавност за прв пат ќе им можност да го види во живо и супербрзиот Лук Стајнс, играч што е понизок и можеби побрз и од Сташ Скубе. Тој е организаторот на играта на Тулуз и прави разлика во стилот на играње на оваа екипа. 

Домашните се фаворити, Металург откако ја иполни својата примарна цел, пласман во групата сега веќе и нема што да загуби. Но, за одржување на рејтинг и избегнување комплицирани квалификации за македонските екипи во иднина, секој бод е важен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk