Карабатиќ ги пропушта Келн и СП Египет

Хендикеп за ПСЖ и Франција или шанса за помладите да излезат од сенката на Никола Карабатиќ?



Повредата на Никола Карабатиќ е сериозна како што се претпоставуваше. Скинатите вкрстени лигаменти на десното колено се најсериозната повреда досега во кариерата на 36 годишната француска суперѕвезда . 

Никола Карабатиќ нема да игра на „Ф4“ во Келн во декември и на СП Египет 2021 во јануари. Прашање е дали ќе биде спремен за настап на следниот „Ф4“, доколку ПСЖ се пласира, а би требало.

Долгата пауза значи дека ПСЖ и Франција ртеба да се спремат за сезона без него. Добро во лошото е што и во ПСЖ и во Франција има квалитетни ѕвезди на кои им е потребно да излезат од сенката на големиот Никола Карабатиќ. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk