Жарко Пешевски ја одигра најдобрата партија сезонава. Штета што беше крунисана само со бод, а не со два.
Жарко Пешевски ја одигра својата најдобра партија сезонава и на дуелот со Лемго му даде осум гола од девет шута на противникот.
Пешевски можеше да биде вистински херој на Штутрагрт, затоа што меѓудругото беше стрелецот на голот до кој неговиот тим поведе со 26-24 на четири минути до крајот, но во следните два напада неговите соиграчи не постигнаа гол, па јунак на мечот излезе Тим Сутон од Лемго кој на една секундо до крајот погоди за 26-26 и поделба на бодовите.
Штутграрт има сосема солиден старт на сезоната и со освоени пет бода од можни осум е на средината на табелата во друштво со екипите на Мелзунген, Берлин...