Металург без позитивниот Серафимов во Тулуз

Мартин Серафимов вечерва и се обрати на јавноста преку социјалните мрежи



Металург без Мартин Серафимов ќе патува во Тулуз. Младиот леворак бек е Ковид позитивниот играч на Металург и нема да биде во составот, туку во карантин во Скопје. 

Металург вчера детекктираше два позитивни случаи на Ковид во клубот, од кои еден Мартин Серафимов, 
 

Почитувани пријатели,
Сакам да ве известам дека сум Ковид позитивен при последното тестирање во РК Металург.
Моментално се чувствивам добро и немам никакви симптоми. Ќе се придржувам кон протоколите за лекување и се надевам на брзо враќање на ракометот.
Им посакувам на моите соиграчи успешен настап во Тулуз.
Бладарност до клубот и соиграчите за подршката која ја добивам.
Поздрав,

Ова е статусот на Мартин Серафимов кој сега станува неизвесен и за настап во репрезентацијата која на 4 и 7 ноември игра квалификации. 
Проблем плус за селекторот е што и Томи Јагуриноски, уште еден десен бек е Ковид позитивен и е во изолација. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk