Аеродром и Металург се прошетаа до Плеј оф

По пет одиграни кола, познати се и првите патници во Плеј оф разигрувањето



Аеродром од коло во коло игра се подобро, а тоа на своја кожа денеска го почувствува екипата на Шампион, екипа што има големи шанси да игра во Плеј оф. 
Денеска, Аеродром со убедливи 41-27 (19-15) славеше над Шампион и го запечати своето место во Плеј оф разигрувањето. 
Водеа Аеродромци во првиот, но го декласираа противникот во вториот дел. КЛимент Ефтимов ја играше својата животна партија, даде 13 гола, надополнети со седум од Михајлов и шест од Митревски. 
Во поразениот тим Есад Дрпљанин со пет гола беше најефикасен. 

Во групата „Б“, Металург РА, денеска дојде до пет од пет, а трет пораз запиша Текстилец. Резултатот од 35-19 (16-9) доволно кажува за текот на натпреварот. Филип Димевски со осум и Филип Петровски со пет гола беа најефикасни кај металурзите, додека Стојанче Ристов до четири гола во екипата на Текстилец беше најефикасен. 
Металург е прв во групата Б со 15 бода, три поведе и меч повеќе од Скопје 2020. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk