Ковид го поткачи и Металург

Еден ракометар и еден член на тренерскиот тим се позитивни на подмолниот вирус



Металург влезе во друштвото на екипи каде членска карта е позитивен Ковид тест. Двајца членови на клубот, еден играч и еден член на тренерскиот тим се позитивни. 
Имињата се познати на редакцијата, но ќе ја испочитуваме желбата информацијата да ја споделат самите, првенствено со личностите со кои имале контакт, а потоа и јавноста бездруго ќе дознае.

„Металург до денеска успешно успеваше да се заштити од Ковид 19 и искрено бев среќна поради тоа. Сведоци сме дека последните денови вирусот нападна преголем дел од населението, како и ракометните клубови. За жал овој пат, исклучок не е ни Металург.
Од последното тестирање во минатата недела до денешното, за жал имаме два позитивни случаи, од кои еден е играч, а еден е член на стручниот штаб. И двајцата се без симптоми и се во добра здравствена состојба.
Ќе ги испочитуваат протоколите и ќе останат во изолација до следното тестирање за 10 дена.
Им посакувам брзо оздравување. Сите други се тестирани и се негативни. Најодговорно тврдам дека сите мерки за заштита беа запазени, а играчите, стручниот штаб, како и управата максимално се придржуваа на препораките“, изјави претседателката на Металург Зорица Блажевска.



Металург ќе биде ослабен на дуелот со Тулуз што на 20 месецов ќе се игра во Франција. Патувањето ќе биде предизвик од повеќе аспекти, не само во спортскиот дел. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk