Аеродром го збриша Борец, Скопје 2020 на максимум

БОРЕЦ - АЕРОДРОМ   24-45 (13-21)
Миленков 13 - Михајлов 9, Митревски 6, Ефтимов 6
ВАРДАР (Н) - СКОПЈЕ 2020  32-38  (17-17)
Грозданов 10, Вељанов 6 - Чакалиќ 10, Тралевски 6



Денеска се играат турнирите во Прва лига, а по првите мечеви, Аеродром и Скопје 2020 се побогати за три бода. 
Аердром играше на гости во Велес и тоа против домашниот тим. Релативно израмнетиот старт, брзо премина под контрола на скопјаните. По 3-3 стана 9-3 за Аеродром и веќе во оваа фаза мечот беше решен. 
На полувреме беше 21-13, а во вториот дел се разгоропади скопскиот тим и разликата почна брзо да расте, а семафорот престана да брои при резултат 24-45.



Во другата група, првиот меч го играа Вардар Неготино и Скопје 2020. Комплетно израмнетиот прв дел заврши 17-17, а во вториот дел, предводени од Чакалиќ и Тркалевски, ракометарите на Скопје по 20-20 со серија од 7-0 стигнаа до 27-20 и потоа го контролираа мечот до крајот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk