ГОГ остана без врвниот плејмејкер

Драстично се зголемија шансите на Е. Пелистер и сите во групата од ЛЕ против данскиот ГОГ



Најголемото засилување на ГОГ и еден од најдобрите светски плејмејкери, Мортен Олсен ќе биде вон теренот најмалку до крајот на годината, објави ТВ2.

Мортен Олсен се повредил на тренинг, некако успеал речиси комплетно да го откине врвот на малиот прст. Со оглед на тоа дека само кожа го држела врвот на прстот, докторите сакале да го ампутираат, но по инсистирање на Олсен, бил опериран и делчето од прстот било повторно прикачено. 

Мортен Олсен ќе паузира, а тоа е страшен удар за ГОГ. Тешко се заменува добар плеј мејкер, а врвен речиси - невозможно. Имаат добар состав, но сега нивната игра, следствено и резултатите веќе нема да бидат - тие. 

ГОГ е противник на Пелистер и кон крајот на месецов треба да го играат својот прв натпревар од ЛЕ. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk